Реми на Сент Мери - бодот како пораз за Манчестер Јунајтед

Саутемптон и Манчестер Јунајтед одиграа пеколно прво полувреме, каде постигнаа по два гола, но затоа во вториот дел и двете страни беа инфериорни за постигнување голови..

Светците вечерва имаа фуриозен старт, до 20 минута веќе имаа водство од 2:0, а Јунајтед беше во тотален шок на почетокот.

Армстронг постигна гол за почетно водство во 11. минута а Соарес во 20 зголеми на 2:0.

Јунајтед мораше да се помачи за да се врати во натпреварот. Прво преку Лукаку намалија на 2:1 во 33. минута, а Андер Ерера шест минути подоцна носи изедначување на 2:2.

Овој резултат беше буквално и конечниот, бидејки и покрај шансите на двете страни, во вториот дел немаше голови, па бодовите беа поделени, а скоро сигурно е дека овој резултат помалку му одговара на Јунајтед, кој денеска имаше победа како императив.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top