„Република Илинденска Македонија“ за севкупна употреба со македонски јазик и нација

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот, која би била потребна доколку предлогот биде прифатен а престедателот Иванов се воздржа од коментари барајќи целиот тек на процесот да му биде доставен писмено..

„Република Илинденска Македонија“ и официјално е предлогот кој премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас го договориле на средбата во рамките на Самитот во Софија. Тој, денеска, на лидерската средба која се одржа во Клубот на пратениците во Скопје, го информираше државно-политичкиот врв за текот на преговорите со Грција околу спорот со името. На средбата присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети како и министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Предлог решението сепак бара измени во Уставот,а според договореното јазикот и нацијата натаму ќе бидат именувани како македонски. Сепак последен збор ќе имаат граѓаните кои ќе можат да го кажат својот став на референдум. Премиерот не појасни кога би се одржал референдумот.

„ Чекорите со временската рамка ќе бидат дефинирани. Важно е тоа што нашиот грчки партнер прифати да се спроведе референдумот со цел секако да го заокружиме вечно прашањето со намера да биде успешен. Притоа тие и не бараат референдум. Јас сум благодарен заради тоа. Сепак ние менуваме нешто во Македонија. Соодветно чекорите штом ќе ги дефинираме веднаш ќе ги соопштиме“, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека идната седница очекува да се одржи средба со медијаторот Метју Нимиц Њујорк каде би се направила драфт верзија и би се утврдила временската рамка во која спаѓа и референдумот.

Во обраќањето по лидерската средба, премиерот Заев ја повика нацијата да го поддржи предлогот Република Илинденска Македонија со што ќе го направи четвртиот Илинден и ќе има отворен пат кон ЕУ и НАТО.

„ Република Илинденска Македонија е име со кое го зајакнуваме темелот на нашата Република, а Илинден значи историски континуитет на нашите стремежи, нашата државност и нашата гордост. Илинден е нашето славно минато, Илинден е и нашата светла иднина. Со ова можно решение го чуваме достоинството, го потврдуваме и го зајакнуваме нашиот идентитет македонски. Илинден е гаранција и за мултиетничка Македонија. Со четврт Илинден, со евентуален договор неповратно го отвораме патот кон членство во ЕУ и НАТО, што е гаранција за нашиот опстанок и напредок “, рече премиерот Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кажа дека на денешната лидерската средба првпат се информирани дека името „Република Илинденска Македонија“ е за севкупна употреба. Тоаподразбира промена на Уставот на РМ а ставот на партијата во тој поглед е јасен и неколку пати досега соопштен и е против било какви измени.

„За предлогот ќе ги информираме органите на партија, иако ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека не поддржува промена на Уставот. Егзибиционистички е направена промената, ЕУ и НАТО да, но траекторијата е различна. Денес, за првпат сме информирани со предлогот, тоа е име за севкупна употреба што подразбира промена на Уставот. Ќе ја информираме јавнсота за нашиот став по предлогот кој го слушнавме денес“, изјави Мицковски по завршуваше на лидерската средба.

Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, пак, се воздржа од било какви коментари и не го соопшти својот став околу предлогот. Тој изјави дека побарал пшисмен дфокумент кој ќе содржи се она што досега е разговарано во преговорите со Грција, а потоа ќе се произнесе во однос на предлогот „ Република Илинденска Македонија“ кој денеска на лидерската средба го објави премиерот Заев како можно решение.

„Бевме прв пат информирани за работи за кои прв пат ги слушнавме. Тие се усно пренесени и очекувам за сите предлози и идеи да добиеме и писмен документ за да може да се гради став. До сега сум бил принципиелен и сум се придржувал на претходните ставови кои ги изградиле претседателите на Република Македонија, а тоа е дека процесот мора да се води во рамка утврдена од процесот на Обединетите Нации и било кој документ мора да биде предмет на анализа и за тоа мора се дконсултираат екпсерти по меѓународно прави и меѓународни односи", изјави Иванов.

Тој додаде и дека било кој предлог за решение мора да биде разгледан и од експерти од меѓународното право и меѓународни односи, бидејќи поради недоследностите од грчка страна во минатотот.

Во Грција пак, опозицијата жестоко се спротивстави на предлогот оценувајќи го како иредентистички.

„ Секое повикување на Илинден во името на соседната земја, не само што нема да стави крај на македонскиот иредентизам, туку го потврдува и го зајакнува. Затоа е дури и неприфатливо да се дебатира“, изјави лидерот на опозициската Неа демократиа, Кирјакос Мицотакис.

Од друга страна пак грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, по средбата со премиерот Ципрас која траеше околу еден час и на која беше брифиран за текот на преговорите и последниот предлог, изјави дека бара широк политички консензус околу предлогот за името.

Премиерот Ципрас пак, рече дека процесот на преговори се наоѓа во критична фаза за изнаоѓање заемно прифатливо решение за името и додаде дека и тој очекува консензус но и компромис за да може решенијата да издржат низ времето и истовремено ја поздрави одлуката на Македонијадека решение на името не е можно без негова севкупна употреба.

Извор: Глас на Америка


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top