Револт во Скопските ограноци на ДУИ: Се негодува за изборот на Груби и Османи

Груби е предложен за прв вицепремиер, додека Бујар Османи оди во Министерството за надворешни работи, но сепак дел од членовите и партиските функционери негодувале и за тоа што повторно исти луѓе добиваат шанси.

„Ако Артан Груби и Бујар Османи имаат политичка совест и морал и ако ги почитуваат гласачите на Скопје, треба да си дадат оставки. Незадоволството и реакциите се големи и бројни, од структурата и од партиските активисти. Ова сериозно му штети на ДУИ и ги демотивира политичките активисти во Скопје. Оние што ја спроведоа изборната активност и кои беа избрани не беа земени предвид за консултации. ДУИ-Чаир и ДУИ-Сарај ги повикуваат Груби и Османи да ги почитуваат гласачите и политичките активисти да рефлектираат и да ги одбијат овие функции“, велат извори од скопскиот огранок на ДУИ за албанските медиуми.

Еден од поранешните каманданти на ОНА и близок соработник на Изет Меџити, Џемаил Ламалари алијас Барути на неговиот профил на Фејсбук напишал дека не може некој да стане министер без да бидат прашани Албанците и без да се праша домаќинот во Скопје.

Носител на листа во првата Изборната единица беше Изет Меџити, а после него беше Др. Арбен Зибери, каде ДУИ собра 19.600 гласови, додека на ниво на Скопје ДУИ освои вкупно 30 000 гласови.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top