Револуција во фудбалот: ФИФА создава Светска фудбалска лига

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино повикал претставници на Барселона, Реал, Баерн, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и ПСЖ на преговори за формирање на Светска фудбалска лига на клупски ниво..

Тоа би било замена за Светското клупско првенство кое во моментов брои седум екипи, шампиони на сите континенти. Според информациите, ФИФА добила понуда од инвеститор за проширување на натпреварувањето и тоа може да им донесе многу пари на клубовите.

Прашање е само кога би се играла лигата имајќи предвид дека календарот ионака е пренатрупан.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top