Рибери: Мене повеќе ме сакаат од Роналдо

Навивачите на Баерн ме сакаат повеќе отколку оние на Реал го сакаат Роналдо, прокоментира Рибери.

Споровите околу тоа кој најмногу ја заслужува “Златната топка” за 2013 година не стивнуваат, а тензиите се одразуваат и на главните фаворити за оваа престижна награда.

Вчера Франк Рибери изјави дека не му завидува на Кристијано Роналдо за начинот на кој навивачите на Реал Мадрид го поддржаа за време на натпреварот со Галатасарај од Лигата на Шампионите. Португалецот не игра поради повреда, но 45.000 приврзаници ставија на своите лица маски со неговиот лик.

На овој начин навивачите ја изразија својата поддршка кон Кристијано во борбата за “Златната топка”.

“Убава идеја, но сигурен сум дека навивачите на Баерн ме сакаат повеќе отколку оние на Реал го сакаат Роналдо”, прокоментира Рибери пред францускиот печат.

“Немам потреба од слични гестови, за да се убедам во љубовта на приврзаниците. Јас ја чуствувам секојдневно”, додаде халфот на европскиот клупски шампион.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top