Рио Фердинанд „грми“: Што направивте од Манчестер Јунајтед

Веднаш по новиот пораз на Манчестер Јунајтед, почнаа да се редат негативните реакции..

Манчестер Јунајтед повторно разочара, овојпат поразен е на „Олд Трафорд“ од Барнли со 2:0, што би можело да биде капката која ќе ја прелее чашата.

Навивачите го губат трпението и не само тие, туку и клупските легенди, како Рио Фердинанд.

Тој синоќа се огласи по натпреварот и призна дека му било срам поради она што го видел на теренот.

„Јас не гледам екипа од 600 милиони фунти на теренот! Што е купено?! Седам тука и ми е срам! Челните луѓе мораат да направат промени. Ова не може да се брани“, прача Фердинанд.

И многумина други очекуваат промени во клубот, дали Солскјер ќе го плати данокот?


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top