Ристовски: За мене тие се ДПНЕ, ДПМНЕ не го заслужиле бидејќи се велепредавници

Д-р Љупчо Ристовски во интервју на ТВ24 вели дека здивени се ботовите на ДПНЕ по социјалните мрежи, на улица, посочувајќи пример дека имале закажан настан во Ченто по што дошла толпа од 30, 40 вмровци кои поставиле нивна иконографија..

Претходницата на Наќе Чулев не спречи да го претставиме нашиот кандидат и покрај тоа што настанот беше закажан. Ние ќе поднесеме кривична пријава против техничкиот министер Наќе Чулев и Христијан Мицкоски кои злосторнички се здружиле да ја спречат Интегра во промоцијата на нашите кандидати.

Тоа е изборен криминал. Собираме материјални докази да поднесеме кривична пријава против нив и око нема да ни трепне. Имаме негативна кампања од истите мотиви и налети кои ги имаа и во режимското владеење. Ќе се бориме да си го кажеме своето и да излеземе да се видиме со граѓаните, да ги претставиме нашите кандидати и нашата програма. ДПНЕ ги нарекувам, бидејќи ја загубија заслугата за Македонија. Тие се велепредавници исто како СДСМ, вели лидерот на Интегра.

Не смееше да дозволи СДСМ да влезе во внатрешна промена на името Македонија. Битката можеше да се извојува на друг начин, додава тој во ТВ24 но напоменува дека во тој процес учествувала и партијата ВМРО-ДПМНЕ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top