Робен минува низ пекол: Никој не знае што му се случува

Искусниот 35-годишен фудбалер Аријен Робен нема одиграно официјален меч од 27. ноември минатата година и неговата кариера е под знак прашалник..

Веќе од претходно е познато дека за Робен ова е последна сезона во Минхне. Одлучи да си замине по 10 години од клубот, но веќе постои можност дека Холанѓанецот го одигра своето во Минхен.

Робен мака мачи со повреди, а апсолутно никој не може да откри што се случува со него.

„Фрустриран сум. Пробавме апсолутно се, но ништо не успева. Лекарите не знаат што ми е. Навистина ми е тешко бидејќи на два наврати пробав да се приклучам на екипата, но болките беа пресилни“ изјави Робен.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top