Робот ќе оперира пациенти на скопските клиники

Робот ќе оперира пациенти на скопските клиники од идната година, информира министерот за здравство Венко Филипче..

Според него, за почеток роботот Да Винчи ќе го користат на Дигестивна, Урологија и Гинекологија. Претходно по двајца лекари од овие клиники  треба да поминат обука во Бугарија за да да можат да работат со машината.

-Предноста е што тоа е минимално инвазивна хирургија, интервенцијата трае пократко време, пократко време трае и опоравувањето на пациентот, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top