Родител на обвинетите откри детали од бомбите за „Монструм“

„Јас слушнав еден разговор помеѓу двајца протагонисти, маж и жена. Едниот вели “таму ништо не најдено не е оставена никаква трага, но јас имам план”..

Претстaвник на семејствата на обвиниетите во случајот ” Монструм” во вчерашното издание на Ноќно студио на ТВ Телма откри детал од “бомбите” за оваа контроверзна афера.

„Јас слушнав еден разговор помеѓу двајца протагонисти, маж и жена. Едниот вели “таму ништо не најдено не е оставена никаква трага, но јас имам план”.

Другиот прашува “кој е планот” a овој одогoвара “не можам по телефон да ти кажам” , изјави . Бедри Ајдари брат и татко на обвиниетите за случајот Монструм. Прашан дали има нови информации кои доведоа до пресврт во обвинителството, Бедри Ајдари рече дека се што знае е дека тој самиот видел дека полицијата пред две или три недели вршела истрага на местото на настанот.

Погледнете го целиот разговор во видеото емитувано во Ноќно студио на “Телма“.

Случај  „Монструм“ – многу  контроверзи  и политички превириња

Јавната обвинителка Лилјана Спасоска минатата недела за случајот „Монструм“ во Врховниот суд, побара судот да ги прифати жалбите на обвинетите и да ја укине првостепената и второстепената пресуда за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Спасовска појасни дека се издржани жалбите на обвинетите со кои се тврди дека се спорни материјалните докази, а исто така го оправдува и нивниот сомнеж за направените вештачења. Таа истакна дека ова не значи дека МВР не е способно да ги направи вештачењата или дека не ги извршило професионално, но штом одбраната се посомневала судот требало да овозможи вештачењата да ги направи и друга независна институција.

Исто така, таа додаде дека во првостепената и второстепената постапка било повредено клучното право, а тоа е правото на одбрана.

-Одлуката на Врховен суд треба да ја обезбеди правната сигурност на граѓаните. Затоа предлагам да се прифатат жалбите на обвинетите и да се укине првостепената и второстепената пресуда – истакна Спасовска по што доби аплауз од присутните во судницата.

Обвинителката додаде и дека отсуството на сознанија од прислушуваните материјали, кои не ги добиле од СЈО, оневозможува правична и правилна оценка на доказите.

-Никогаш не работам во сенка, во темнина, сакам да сум на чистина и на виделина – констатираше Спасовска.

Таа додаде дека по правосилноста на пресудата во овој случај, односно откако одлука ќе донесе Врховниот суд, таа има право да поднесе право за заштита на законитоста кое се поднесува во случај обвинителот да им помогне на обвинетите.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор се осудени Алил Демири, Африм и Аѓим Исмаиловиќ и Езим и Хаќи Азири и Самил Љута. Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, веднаш пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефановски.

Токму Државното јавно обвинителство е она кое првовремено цврсто ги бранеше своите позиции во случајот „„Монтрум“, за сега самите да се повлекуваат од своите првични позиции и да ги спорат доказите кои самите ги изведуваа.

Нова


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top