Родителите на Меланија Трамп станаа државјани на САД

Не е познато кој стои зад гаранциите на родителите на првата дама на САД , Меланија Трамп..

Виктор и Амалија Кнавс , покрај ќерката Меланија се најпознатите жители на словенечкото место Севнице. Тие вчера положија заклетва и станаа граѓани на САД . До сега таму живееја како трајно населени жители.

Откако положија заклетва не сакаа за државјанството да даваат посебни изјави за медиумите . Таткото на Меланија Трамп , само кусо им с езаблагодари на новинарите , кои го прашуваа како се чуствува сега кога станал државјанин на САД.

Адвокатот на родителите изјавил дека тие сами поднеле барање за државјанство , дека немале никакви погодности , но не одговори на прашањето кој ги спонзорирал нивните зелени карти.

Според американските медиуми , токму претседателот Доналд Трамп го отежна влезот на мигрантите во САД , како и престојот на луѓето кои со години живеат цо Америка. Трамп се изјасни и дека е против ваквиот начин на добивање државјанство по семејна линија. Портпаролот на првата дама на САД немал коментар , а изостана и твит на претседателот Трамп.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top