Рој Кин брутално кон „ѓаволите“ – Голем клуб во кој сега играат големи плачковци!

Еден од најборбените играчи во минатото за Манчестер Јунајтед и најтрофеен капитен во нивната историја, Рој Кин, распали по одредени играчи на клубот од Манчестер..

Евидентно дека Јунајтед не игра според очекувањата на фановите, а она што го демонстрираат на терен актуелните играчи на клубот, го фрустрира и контроверзниот Рој Кин.

Тој потенцира дека во сегашниот состав на Мурињо имало премногу играчи кои многу плачат како мали деца.

„Мене не ме интересира дали имаат нарушени односи со тренерот. Во составот има премногу плачковци. Вие кога ќе зачекорите на терен за таков голем клуб, треба да бидете горди, играте за една фамилија, играте за вашиот град, кој и да е во прашање. Треба да играте, а не да се грижите што за вас ќе каже вашиот тренер“, потенцира Рој Кин.

Критичната маса ескалира од ден во ден, а капка која ја прелива чашата е ремито на Јунајтед против Валенсија во ЛШ вчера на Олд Трафорд.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top