Роналдо и Агуеро загубија: BBC го прогласи најдобриот странски играч во Премиерлигата

Гледачите на британската тв BBC, за најдобар играч од странство кој дошол и заиграл во Премиерлигата, го прогласија Тиери Анри, некогашниот убиствен напаѓач на Арсенал..

Легендарниот напаѓач доби дури 45% од гласовите, совладувајки ја жестоко конкуренцијата.

Анри со Арсенал освои две титули во првенството и два Фа купа, беше најдобар стрелец на првенството, два пати беше прогласен и за најдобра играч во Премиерлигата.

Во дресот на „топчииите“ одигра 369 натпревари, постигна 226 голови, а подоцна со Барселона двапати освојуваше ЛШ.

Во конкуренција за најдобри странски играчи покрај Анри беа уште и Патрик Виеира, Кристијано Роналдо, Цеск Фабрегас, Серхио Агуеро и уште неколку ѕвезди.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top