Роналдо ја освои титулата и објави каде ќе игра идната сезона!

Големата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо ја освои првата шампионска титула во Серија А и веднаш по мечот против Фиорентина објави важна информација за својата иднина..

Следната сезона тој сигурно ќе го носи „црно-белиот“ дрес иако неодамна излегоа информации дека не е задоволен во Торино и брзо ќе си замине оттаму.

“Останувам 1000%. Ова беше одлична дебитантска сезона, добро се адаптирав, ги освоивме Скудетото и Суперкупот и многу сме среќни“, изјави Роналдо.

Сепак, и покрај неговата радост, јасно е дека оваа сезона за Јуве не е многу успешна. Пред неговото доаѓање, торинскиот тим ја освои двојната круна, а главна цел со Роналдо беше трофејот во Лигата на шампионите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top