Роналдо ќе го добие посакуваниот соиграч и во Торино

Бразилскиот бек Марсело, повторно е мета на трансфер шпекулации, кои повторно го преселуваат во Јувентус..

Од моментот кога Кристијано Роналдо се пресели во Торино, медиумите постојано пишуваат за можноста Марсело да го облече дресот на „Старата дама“.

Пред неполни две години, на голема врата се зборуваше дека со Роналдо во Јувентус доаѓа и Марсело, но до тоа не дојде.

Марсело со оглед на тоа дека сезонава не е стандарден во тимот на „кралевите“, затоа што Зидан повеќе шанса му дава на сонародникот Ферлан Менди, ништо чудно ова лето Марсело да го напушти Мадрид.

Јувентус според информациите ќе му понуди на Марсело четири годишен договор, што ќе биде сигурно доволно примамливо за Бразилецот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top