Роналдо нема да игра против Галатасарај

Денеска биле направени дополнителени лекарски прегледи над Португалецот.

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, поради повреда на бутниот мускул со сигурност ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Галатасарај, а неговото присуство ќе биде неизвесно и за натпреварот од наредното коло во шпанската Примера каде „кралевите“ на домашен терен ќе го пречекаат Валјадолид.


Денеска биле направени дополнителени лекарски прегледи над Португалецот, по кои било утврдено дека повредата на бутниот мускул не е сериозна и дека Роналдо нема долго да отсуствува од фудбалски терени. 
За Роналдо ова ќе биде прв пропуштен натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона, натпреварување во кое е водечки стрелец со досега постигнати осум голови на четири одиграни натпревари.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top