Роналдо реши да го напушти Реал

Роналдо реши да го напушти Реал.

Официјално, најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо, одлучил да го напушти Реал Мадрид, објави португалскиот весник „Рекорд“.

Кристијано бил разочаран што не добил покачување на платата, иако во септември минатата година добил такво ветување од претседателот Флорентино Перез. Тој сметал дека клубот не го наградил за успесите.

Претходно, шпанските медиуми објавија дека Роналдо побарал од Реал нов шестгодишен договор и неверојатни 75 милиони евра годишно.

Португалецот најави дека ќе го напушти Реал веднаш по завршувањето на финалниот меч во Лигата на шампионите кога Реал против Ливерпул ја освои 13. титула во клупската историја.

По оваа негова изјава, интерес за неговите услуги веднаш покажаа Манчестер јунајтед и ПСЖ.

Кристијано Роналдо дресот на Реал го носи од 2009 година кога за тогашен рекорд од 90 милиони евра пристигна од Манчестер јунајтед. Одиграл 438 натпревари и постигнал 450 гола за Реал.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top