Роналдо се обиде да избега од правилото, ама на крај попушти

Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни раскажа интересна анегдота од соблекувалната на својот тим која се случила минатата сезона..

Како што тврди Полјакот, во Јувентус имало правило, секој фудбалер да им купи подарок на сите соиграчи во случај да добие црвен картон. Во главна улога сега бил Кристијано Роналдо кој минатата сезона беше исклучен во првото коло од Лигата на шампионите, на гостувањето кај Валенсија.

„Долго време се противеше на таа одлука, тврдеше дека не направил ништо за да добие црвен картон. Два месеца преговаравме, се убедувавме и на крајот попушти. На сите ни купи iMac“, изјави Шчесни.

Роналдо доби директен црвен картон на своето деби за Јувентус во Лигата на шампионите во сезоната 18/19. Тој имаше дуел со противничкиот фудбалер Хејсон Мурињо, а главниот судија го исклучи по консултација со својот втор помошник. Роналдо не можеше да верува, долго се расправаѓе со главниот арбитар за потоа во солзи да го напушти теренот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top