Роналдо си ја отвори душата: Барса не ме почитуваше

Луис Назарио де Лима Роналдо, или како што многумина сакаат да го нарекуваат – „вистинскиот Роналдо“, во сезоната 1996/97 беше еден од симболите на Барселона..

Роналдо таа сезона постигна 47 гола, го освои Кралскиот Куп, Суперкупот и Купот на победниците на куповите.

Кога се очекуваше да остане во клубот и да го продолжи договорот, Роналдо си замина. Како 21-годишен играч потпиша за Интер во тогаш најголемиот трансфер на сите времиња за 27 милиони долари.

„На крајот од таа сезона потпишав нов договор со Барселона и веднаш потоа заимнав на репрезентативниот собир. Пет дена подоцна ми се јавија од клубот и ми рекоа дека сепак не можат да го испочитуваат тоа што го договоривме околу новиот договор. Сакав да останам, но работите не беа во мои раце бидејќи очигледно клубот не ме почитуваше и не ме ценеше. Сакав да останам“, порача Роналдо.

Во Интер стана најдобриот играч на светот, а во 2002. година се пресели во Реал и играше со великани како Зидан, Фиго и Бекам во првата генерација „Галактикоси“.

„Роберто Карлос во репрезентацијата цело време ми зборуваше за Мадрид, за големината на Реал. Подоцна посакав да се уверам во тоа. Дојдов во Реал и беше уште поголем од тоа што Карлос ми го претставуваше. Големо искуство, голем притисок, најдобрите соиграчи на светот. Започнавме нова ера“, додаде Роналдо.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top