Роналдо во Реал до 2018 година

Роналдо доби и зголемен процент од продажбата на неговите дресови и други производи со неговиот лик..

Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2018 година и стана најплатениот играч во Примера Дивизија со 17 милиони евра годишно, пишува шпанска „Марка“. Со новиот договор Португалецот повторно се искачи на врвот најплатени фудбалери пред ѕвездите на Барселона Лионел Меси и Неjмар. Клучна улога за продолжувањето на договорот на Роналдо имал неговиот менаџер Жорж Мендеш, кој го убедил дека нема да му биде подобро во ниту еден друг клуб. Освен зголемената плата, Роналдо доби и зголемен процент од продажбата на неговите дресови и други производи со неговиот лик.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top