„Росонерите“ го освојуваат Лондон: Милан во преговори со тројца од Челси

Спортскиот директор на Милан, Леонардо почнал преговори за тројца фудбалери на Челси, тврдат италијанските медиуми..

Станува збор за Цеск Фабрегас, Гери Кејхил и Андреас Кристенсен кои би можеле да го засилат седумкратниот европски првак во јануарскиот преоден рок. Леонардо неколку пати зборувал телефонски со шефицата на Челси, Марина Грановскаја и и објаснил дека на неговиот тим му е потребна помош поради тешките повреди Биља, Бонавентура и Калдара кои долго време ќе бидат надвор од фудбалските терени.

Наводно, најважна цел во јануари ќе биде шпанскиот ветеран Фабрегас кој беше интересен за Милан и во текот на летото. Сепак, со оглед на младоста на Кристенсен и искуството на Кејхил, би било прекрасно за „росонерите“ и тоа да се преселат на Сан Сиро.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top