Румен Радев: Мешањето на Турција во нашите избори е неприфатливо

Мешањето на Турција во нашите избори е факт и оваа интервенција е апсолутно неприфатлива. Ова во интервју за БНТ го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев..

„Бугарија е суверена држава, членка на ЕУ и никој нема право да ги крши меѓународните закони, меѓународното право и правилата на ЕУ. Сакам да повикам на смиреност, да не ескалираат емоциите по ова мешање. Бугарските институции и надлежните служби активно работат во надминување на секој обид за мешање во нашиот изборен процес и во нашите внатрешни работи“, рече Радев и додаде дека ова прашање пред ЕУ, во Брисел го поставил уште на 9 март.

„Ова прашање го поставив и пред амбасадорите. Ние очекуваме побрзо решение од ЕУ за обезбедување на безбедноста на секоја држава. Сакам да истакнам дека бугарските муслимани се наши сограѓани и треба сите да работат на тоа тие да бидат интегрирани во нашето обштество, но не и уфрлените проповедници, јави БГНЕС.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top