Румениге: Кој нормален би му платил на Меси 250 милиони евра

Одредени шпански медиуми неодамна објавија дека Баерн би можел да до доведе Меси.

Извршниот директот на Баерн Карл – Хајнц Румениге изјави дека никој нормален не би платил 250 милиони евра за асот на Барселона Лионел Меси.

Одредени шпански медиуми неодамна објавија дека Баерн би можел да до доведе Меси, ако го плати споменатото обесштетување.

Масло на огонот додатно долеа почесниот претседател на Баерн Франц Бекенбауер кој наведе дека Меси би бил одлично засилување за Баерн.

- Меси? Зборуваме за цифри кои се потполно апсурдно. Тоа е многу повеќе од она што го плативме за Хави Мартинез. Нема да одиме по тој пат. Покрај тоа, го познава, претседателот Сандро Росел кој никогаш не би го продал Меси. Меси има статус на светец во Барселона. На Аргентинецот му е во интерес да остане таму, совршено се вклопува во клуб како што е Барселона – изјави Румениге за Билд.

Аргентинскиот фудбалер со Барселона има договор до јуни 2018 година.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top