Руни: Оле има важна одлука пред себе и два правца од кои за еден ќе мора да се одлучи!

Легендата на „црвените ѓаволи“ Вејн Руни, истакна дека е потребно време за Оле Гунар Солскјер да си изгради сопствена екипа на која ќе може да и верува..

Но за такво сценарио е потребно многу трпение од клубот, кое во последно време се чини дека воопшто го немаат.

Руни кој е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, потенцира дека клубот мора да му даде време и средства на Солскјер за обнова на екипата.

„За Оле најважно ќе биде да ја изгради својата екипа. Но не сметам дека со купување на двајца играчи од по 100 милиони, тој ќе го реши проблемот. Мислам дека тој треба да размислува за 5-6 играчи кои имаат потенцијал да напредуваат во иднина и кои ќе вредат севкупно заедно 120, 130 мил иони фунти“.

„Мислам дека е попаметно да се потроши на неколку играчи по 30-40 милиони фунти, бидејки знаете дека дел од нив ќе напредуваат и ќе и дадат нешто повеќе на вашата екипа. Може да го донесете Роналдо, Рамос, Меси, но што потоа? Тоа ќе бидат две години најдобро од нив, а нешто подоцна тие пари и инвестиција ќе мора да ја отпишете“, посочи Руни.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top