Руни по победничкиот гол на своето второ деби: Ова е посебен момент

Вејн Руни ова лето по цели 13 години се врати во Евертон, клубот во кој го започна својот подем кон ѕвездите, па веќе на првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата и донесе победа на својата екипа..

Голот на Руни беше доволен за минимална победа на Евертон над Стоук на „Гудисон Парк“, а искусниот напаѓач по натпреварот беше исклучително среќен.

„На лично ниво, постигнувањето на победничкиот гол на Гудисон Парк е посебен момент“, изјави поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, па додаде:

„Не може многу подобро од ова. Да се игра за овој клуб е голема работа за мене. Првите натпревари во сезоната секогаш се тешки бидејќи го барате својот ритам. Пред нас се некои навистина тешки натпревари, затоа е важно што добро стартувавме“, додаде Руни.

Вчерашниот погодок Руни го постигна точно 4.869 дена по својот последен гол во дресот на Евертон пред да се пресели во Јунајтед. За него тоа е вкупно 199-тиот погодок во Премиер лигата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top