Русија го блокира интернет-пристапот до документ на Навални

Руската агенција за надзор на комуникациите (Роскомнадзор) одлучи да го блокира пристапот до документ на интернет објавен од лидерот на опозицијата, Алексеј Навални..

Во документот се наведува дека милијардерот Олег Дерипаска раскошно го угостил рускиот заменик-премиер Сергеј Приходк.

Рускиот тајкун Дерипаска се поврзува со некогашниот шеф на предизборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт. Резултатите од истрагата на Навални во четвртокот беа објавени на веб-страницата на неговата Фондација за борба против корупцијата, објави Асошиетед прес.

Роскомнадзор вчера соопшти дека документот на Навални, како и клипот на Јутјуб поврзан со него, ги вброил во регистарот на веб-сајтови што содржат информации чија дистрибуција е забранета во Русија, јавија руските новински агенции.

Ако сајтовите не го отстранат материјалот во рок од три дена, ќе бидат блокирани.

Адвокатот на Фондацијата против корупција, Иван Жданов, рече дека за потегот на Роскомнадзор ќе поднесе жалба до судот.

Навални (42), најголемиот противник на рускиот лидер Владимир Путин, стана познат откривајќи ја корупцијата на руските власти и во 2017 година организираше неколку брана демонстрации низ Русија. Протестите во март, најмасовни во Русија во последните пет години, почнаа по документарниот филм за наводното тајно богатството на рускиот премиер Дмитриј Медведев, кој Навални го сними и го објави на Јутјуб.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top