Русија го укина задолжителниот карантин за патниците од странство, треба да имаат само негативен тест

Патниците кои влегуваат во Русија од 15 јули повеќе нема да мора да одат во 14-дневна изолација, односно карантин, одлучи Федералната служба за здравствена заштита..

Странските државјани кои доаѓаат во Русија ќе мора да имаат негативен тест за коронавирус или да бидат тестирани во рок од три дена од влегувањето во земјата.

Руските граѓани исто така се должни да се тестираат во рок од три дена од пристигнувањето, пренесува ТАСС.

Од работодавците се бара да ги известат вработените за задолжителното тестирање и да проверат дали ја исполниле таа обврска.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top