Русија и Иран ги повикаа САД да го почитуваат иранскиот нуклеарен договор

Русија и Иран остануваат посветени на договорот за иранската нуклеарна програма, соопштија денеска министрите за надворешни работи на двете земји, Сергеј Лавров и Мухамед Џавад Зариф..

Ставот на двајцата дипломати доаѓа по зачестените најави на Вашингтон за откажување од договорот, со кој Иран доби олесување на санкциите, а за возврат се согласи да ја замрзне својата нуклеарна програма за петнаесетина години.

Лавров ги повика сите земји потписнички на договорот, вклучително и САД, да го почитуваат истиот. Овој договор беше потпишан од претходниот претседател на САД, Барак Обама, а администрацијата на Трамп остро ги критикува отстапките кон Иран.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top