Русија испратила 32 сателити во вселената од космодромот Vostochny

Русија испратила 32 сателити во орбитата од неодамна изградениот космодром Vostochny..

Меѓу лансираните сателити се вселенски летала за следење на времето и екосистемот Meteor-M No.2-2, како и летала од САД, Германија и Франција.

Целта на сателитот Meteor-M, тежок 2,6 тони, е проучување на температурата на океанот, озонската обвивка и топење на океаните од орбитите од околу 850 километри, а планираниот период на делување е 10 години.

Космодромот Vostochny е на далечниот исток во Русија, околу 8.000 километри источно од Москва, отворен е пред три години за да ја намали руската зависност од космодромот Бајконур во соседен Казахстан.

Откако е отворен Vostochny, биле направени пет лансирања. Четири од нив биле успешни, вклучувајќи го и овој последниот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top