Русија планира месечно да произведе по 5 милиони вакцини против ковид-19, по цена од 10 долари за 2 дози

Путин вчера објави дека Русија ја регистирала првата вакцина против Ковид-19 во светот која ја разви центарот „Гамалеја“..

Русија планира да направи пет милиони дози вакцини против коронавирус месечно во декември и јануари, рече денеска директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и макробиологија „Гамалеја“, Александар Гинтсбург.

– Според планот, се очекува компаниите да го достигнат својот капацитет во декември или јануари. Капациетот треба да биде околу 5 милиони дози вакцини месечно, можеби и повеќе – рече Гинтсбург пред новинарите.

Ако биде така, целата земја ќе биде снабдена со адекватен лек за година дена, наведе тој.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера објави дека Русија ја регистирала првата вакцина против Ковид-19 во светот која ја разви центарот „Гамалеја“.

Цената на руската вакцина против коронавирусот за меѓународниот пазар на почетокот ќе чини помалку од 10 долари за две дози, рече претседавачот на бордот на директори на компанијата Р-фам Алексеј Репик.

– Според нашите проценки, цената ќе биде помалку од 10 долари за две дози, за извоз на пазарот. Вакцината ќе стана поевтина кога нејзиното прозводство ќе достигне доволен индустриски обем, рече тој за ТВ каналот Русија -24, наведувајќи дека првите серии веројатно ќе бидат скапи.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top