Русија се противи на повлекувањето на САД од „Отворено небо“

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко изјави дека повлекувањето на САД од договорот „Отворено небо“ ќе биде удар за европската безбедност..

Според него, американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го оправда напуштањето на „фундаменталниот договор“ со „технички прашања“ кои треба да се решат во рамките на договорот.

САД најавија дека ќе се повлечат од договорот „Отворено небо“ заради негово прекршување од страна на Русија. Осумнаесет годишниот договор има за цел да ја зголеми меѓународната стабилност со тоа што ќе им овозможи на државите потписнички да вршат летови за надзор над територијата на другите, за да набљудуваат воени инсталации и други објекти.

„Мислам дека имаме многу добри односи со Русија. Но, Русија не се придржуваше кон договорот“, изјави Трамп.

Трамп порача и дека има многу добри шанси за склучување на нов договор. САД ги известиле и останатите 34 потписнички дека се повлекуваат од договорот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top