Русија во јуни може да тестира вакцина за коронавирусот, а нов тест за антитела да добие до крајот на седмицата

Директорот на еден од најголемите руски истражувачки центир во вторникот на претседателот Владимир Путин во вторникот му рекол дека неговата лабораторија е подготвена од јуни да тестира на луѓе експериментална вакцина за новиот сој коронавирус SARS CoV-2..

На средбата на Путин со директорите на главните руски истражувачки центри пренесува на телевизијата, Ринат Максјутов, директор на државната лабораторија „Вектор“, ја најавил првата фаза од клиничките испитувања на три вакцини за 29-ти јуни, на примерок од 180 волонтери.

„Веќе се формирани групите волонтери. Примивме повеќе од 300 кандидатури“ за пробното тестирање, рекол Максјутов.

Додал дека научниците во споменатата лабораторија во близина на сибирскиот град Новосибирск, развиле прототипови на вакцината базирани на шест технолошки платформи. Во моментот се тестираат на лабораториски глувци, зајаци и други животни, за да се одреди прототипот до 30-ти април.

Појаснил дека преткличничките тестирања би траеле до 22-ри јуни, а потоа би започнале тестирањата врз луѓе. Во Русија според последните податоци има 7.497 заболени, а досега починале 58 луѓе.

Ринат Максјутов, исто така, рекол дека првите испитувања врз луѓето би можеле да започнат уште во мај „доколку тоа го одобри министерството за здравство“. Според него, лабораторијата располга со вакцини за други болести, кој би можело да се уптребат за развој на вакцината за коронавирусот.

Западните агенции пренесувајќи ја веста забележуваат дека во лабораторијата „Вектор“ се изведувале тајни истражувања на биолошки оружја во текот на советскиот период, и оти таа располага со примероци од разни вируси, од големи сипаници до ебола.

Истворемено во вторникот шефицата на руската Федерална медицинско-биолошката агенција (ФМБА), Вероника Скворцова, рече дека специјалните ткн „креветни“ системи за тестирање кои ќе помогнат да се утврди присуството на антитела на новиот коронавирус, ќе бидат готови до крајот на оваа седмица.

„До крајот на седмицата ќе бидат готови ‘креветните’ тестови од неколку типови, засновани на имуноензимската анализа, односно определување на антитела. Тие се појавуваат кон крајот на првата седмица од моментот на заболувањето на пациентот. Овие антитела ни овозможуваат да се дознае дали некое лице било инфицирано, и во него се случила средба со антигенот“, рече Скворцова во интервју за телевизијата Россия-24.

Истакна дека проценетиот број на пациентите со новата инфекција ќе може да се утврди дури откако ќе се спроведе истражување за распространетоста на антителата на новиот коронавирус меѓу популацијата.

„Параелно работиме на чипови чиешто функционирање ќе го демонстрираме во петок… Тоа се чипови… мали уреди за читање кое го докажуваат присуството на вурусот за 15 до 20 минути“, додаде Скворцова.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top