Русија забележа најголем дневен број на смртни случаи од коронавирус

Вкупно 131.129 пациенти целосно закрепнале..

Русија забележа најголем дневен број на смртни случаи од почетокот на пандемијата. Во еден ден починале 174 луѓе, односно вкупно 3.807 лица починале досега.

Новозаразени се 8.915 лица, што значи дека досега се регистрирани 362.342 случаи на инфекција со коронавирус во 85 руски региони.

Москва е сè уште најтешко погодена со 2.830 новозаразени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top