Русија заедно со италијанската армија ќе учествува во заеднички удар против коронавирус

Италијанската и руската армија започнаа операција за спасување на Бергамо (покраина Ломбардија) од ширење на епидемијата која е предизвикана од вирусот COVID-19..

Во оваа акција ќе учествуваат руски експерти со прекупотребни технички капацитети кои се специјализирани за борба против микроорганизмите. Во согласност со тоа организиран е марш на руски контингент со специјална техника по должина од околу 600 километри, кој е реализиран во тесна координација со италијанската војска.

Највисоките офицери на руската и на италијанската армија направија генерален план на битката со вирусот што го зафати подрачјето на италијанската покраина Ломбардија (градот Бергамо). Ломбардија е една од најкритичните зони кога станува збор за оваа епидемија.

Со таа цел организиран е марш на рускиот контингент со специјална техника во должина од околу 600 километри кој е направен во тесна координација со италијанската војска.

Потсетуваме дека руската армија формираше специјална воздухопловна единица која беше составена од девет воени-транспортни авиони Ил-76. Овие авиони полетаа кон Италија која е најтешко погодена од пандемијата на коронавирусот, и која претставува епицентар на заразата во Европа. Воздухопловната група од девет авиони ИЛ-76 на воено-транспортната авијација на Воздушно-космичките сили на Русија е упатена во Италија во согласност со указ на министерот за одбрана на РФ генералот на армијата Сергеј Шојгу.

Во руската единица за борба против епидемијата на COVID-19 се наоѓаат околу 100 стручњаци кои се водечки експерти на Министерството за одбрана во областа на вирусологијата и епидемиологијата со меѓународно искуство во борба против епидемија. Руските авиони испорачаа и модерна опрема за дијагностицирање и за дезинфекција, како што се повеќенаменските мобилни системи „Сич“ и современиот комплекс за аеросолна дезинфекција „Орлан“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top