Русите ќе тестираат вакцина за COVID-19 кон крајот на јули

Компанијата „Biokad“ ќе ги започне клиничките испитувања на вакцината против новиот коронавирус во Санкт Петербург кон крајот на јули, соопшти прес службата на таа руска фармацевтска компанија..

“Готовата доза за тестирање ќе ја испратиме во Новосибирск за тестирање до крајот на овој месец. Клиничките испитувања во кои ќе бидат вклучени здрави волонтери ќе бидат спроведени во посебна група во Санкт Петербург, и истите ќе започнат кон крајот на јули”, соопшти компанијата во средата.

Прес службата истакна дека официјалните претклинички испитувања ќе почнат уште овој месец.

“Vektor” ќе ги тестира заштитните својства на вакцината, додека “Biokad” ќе спроведе истражување кое се однесува на безбедноста на вакцината за употреба и ќе дизајнира клинички тестови, пренесува TASS.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top