Руска амбасада со одговор до американската: Имаме решение за загадувањето во Скопје - Турски тек

Руска амбасада со одговор до американската: Имаме решение за загадувањето во Скопје – Турски тек.

Руската амбасада преку нивниот Твитер профил одговорија на американската амбасада со предлог за прочисување на воздухот во Скопје.

Амбасадата на САД во Македонија преку нивниот „Твитер“ профил изразија загриженост поради високото ниво на загадување на воздухот во Скопје и постави прашање „Какви предлози имате вие за почист воздух во Македонија?“.

– Додека нашите пријатели од американската амбасада во Македонија бараат предлози за намалување за загаденоста, ние сакаме да предложиме решение. Турски тек, се вели во твитот на руската амбасада.

Загадувањето во главниот град во последниве 24 часа е екстремно високо, а Скопје според загаденоста е на првото место во светот, пред Калкута во Индија и Дака во Бангладеш.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top