Руски фудбалер прави луд трансфер - промени 3 клуба во 10 ден-

Минатите години во фудбалот бевме сведоци на многу трансфери, играчи кои променија многу клупски бои, но никогаш немавме трансфер на играч кој во 10 дена промени три клуба..

Алексеј Сутормин е главна улога ова лето, во еден од најчудните трансфери.

Овој офанзивен играч минатата недела премине од Оренбург во Рубин Казан, а сега е на пат да потпише за Зенит.

Сутормин во Рубин ги чинеше 2 милиони евра, потпиша на две години, но сега одеднаш сака во редовите на шампионот.

Интересно е што овој 25 годишен играч на 28 јуни беше на преговори со Зенит, а ден покасно потпиша за Рубин.

Доколку Оренбург се согласи, деновиве Сутормин ќе потпише со Зенит и тоа ќе биде негов 3 клуб во 10 дена.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top