Рускиот контингент во Бергамо почна да го уништува COVID-19 во објекти

Министерството за одбрана на РФ објави видеоматеријал од италијанскиот град Бергамо каде што започна операција за дезинфекција на овој град во која учествува рускиот контингент..

Првиот објект кој е успешно исчистен од присуство на коронавирусот е мотелот „Мартино Занки“.

Дезинфицирана е површина од вкупно 2 илјади квадратни метри. Третирана е внатрешноста на објектот, како и надворешните површини кои се наоѓаат околу него, вклучувајќи ги и пристапните комуникации. Во оваа акција се употребени мобилни системи за дезинфекција со аеросол и генератор на електрична енергија поставен на камионска платформа.

Руските специјалисти пристапија и кон дезинфекција на мотелот „Каза Рипозо“ кој се наоѓа во населеното место Немуро.

Руската армија пред неколку дена испрати во Италија специјална група руски виролози и експерти за борба против епидемии предизвикани од заразни микроорганизми. Руската група се состои од 100 луѓе со 22 мобилни единици специјална техника која се состои од лаборатории и средства за аеросолна дезинфекција на терен, но и на сите видови градежни објекти. За транспорт на овие сили беше формирана воздухопловна флота составена од 14 воено-транспортни авиони Ил-76.

Во Италија досега се регистрирани околу 86 илјади луѓе позитивни на коронавирус. Од тој број починаа повеќе од 9 илјади пациенти (првенствено на поодмината возраст), додека 11 илјади заразени успешно се излекуваа.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top