Рускиот парапсихолог Лазарев: Еве зошто сте несреќни во животот и зошто ве напаѓаат болести

Поради што една личност е среќна и полна со енергија, а друга болна и депресивна?.

Зошто некој е миленик на судбината, а друг не? Истражувајќи ги врските меѓу човечкиот поглед на светот и ситуацијата во која животот го носи, Лазарев доаѓа до многу изненадувачки откритија и верува дека во нив лежи клучот на здрав и среќен живот.

Рускиот психолог, филозоф, исцелител и парапсихолог Сергеј Николајевиќ Лазарев пишува една крајно популарна книга под име „Дијагноза на кармата“.

Лазарев верува дека болеста може да настапи како последица на карма, која е тука нешто да ве научи. Темел на неговата работа е поука во која морате да го разберете својот духовен пат ако сакате одговор на тешките животни прашања.

Зошто една личност е среќна и полна со енергија, а друга болна и депресивна? Зошто некој е миленик на субдината, а некој не? Или што би рекле старите, зошто животот за некој е мајка, а за некој маќеа?

Во што всушност се крие тајната за здрав и среќен живот?

Истражувајќи ги врските на луѓето, нивниот начин на живот, Лазарев доаѓа до неколку битни причини, како да имате среќен и здрав живот.

Можете да ја промените ситуацијата во која се наоѓате, ако се промените себе. Прво што треба да направите – да се откажете од желбата да ја контролирате ситуацијата. Тоа што ќе ви донесе многу добри работи е што ќе ја разберете ситуацијата.

Лазарев признава дека порано не разбирал зошто постои непишаното правило, дека, на пример кога сте на ручек, не треба да гледате телевизија, читате книга и слично. Со тек на време сфатил дека во текот на јадењето информациите слободно заминуваат несвесно за се што во тој момент размислувате или зборувате и одат директно во душата и ја загадуваат. А колку само пати сте се скарале со ручекот?

Секоја болест потекнува од развој на агресија во душата.

Сакате да ви дадам совет да бидете здрави и да живеете долго? Никогаш не се жалете на никој за ништо. Ни на судбината, ниту на Бог, ниту на минатото, ниту на луѓето, ниту за луѓето.

Секоја реченица која ја изговарате за некој може да биде потенцијален програм за уништување на таа личност. Затоа добро внимавајте што зборуавте. За кукањето пак, запомнете го следното: Клетка во телото не може да се жали на орган дека нешто не и одговара или не е по нејзина желба. Не може, затоа што распоредот на телото е таков и клетката е приморана да оди по тој пат. Ако клетката оди по свој пат, телото ќе се распадне.

Во секојдневниот живот често дозволуваме на самите себе да зборуваме лошо за луѓето, за себе, за судбината. Таква навика, верувале или не, неверојатно ги уништува – забите.

Кога вас некое однесување или реакција ќе ве повреди, имајте во предвид дека во 99% од случаите, вие претходно, сосема несвесно ја имате навредено таа личност.

Секогаш бидете свесни дека се што ве опкружува, може да исчезне, саканата личност може да ве издаде, остави, навреди, почине. Во тие моменти чувствувате дека и самите вие ќе умрете. Дел од вас можеби и навистина умира.

Било кој третман кој не вклучува и исцелување на душата нема да ве исцели во потполност.

Ако некој покаже агресија кон вас, тоа значи дека и јас во себе носам слична „програма“. Кога ќе ja тргнам од душата, агресивниот напад веднаш прекинува. Било кој вид на агресија не е возможна, ако во себе не носите нешто слично.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top