Рускиот Патријарх ќе оди на средба со Вселенскиот Патријарх

Рускиот патријарх Кирил најверојатно ќе отпатува во посета на Вселенската Патријаршија, објавија дел од грчките медиуми..

Според неофицијалните информации Московскиот Патријарх следната недела треба да има средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во седиштето на Вселенската Патријаршија во фанар.

Единствената точка на разговорот ќе биде украинската автокефалност. Според пишувањата на грчките медиуми средбата била договорена усмено, без претходна писмена формална комуникација.

Засега ниту Руската црква, ниту пак Вселенската патријаршија не ја потврдува, ниту демантира оваа информација.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top