Руското МНР: Убиените Руси во Сирија не се војници

Неколкумината државјани на Русија, кои беа убиени во неодамнешните судири во Сирија, не се војници, изјави руското Министерство за надворешни работи..

„Се работи за граѓани на Русија кои во Сирија дошле доброволно поради други причини. Не е во надлежност на Министерството да прави процена на легитимноста и законитоста на одлуката“, се наведува во соопштението.

Американски портали претходно денеска пренесоа дека меѓу убиените во нападот во Деир ел-Зор имало припадници на руската војска.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top