Русковска: Не одам во адвокати, ама ако си оди Јовески, и јас ќе заминам

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во синоќешното интервју на ТВ Алфа обелодени дека нема да оди во адвокатура..

– Не одам за адвокат, ама ако си оди републичкиот јавен обвинител Јовески од неговата позиција, тогаш и јас ќе си заминам – му одговори на водителот на емисијата „Што не е јасно“, Саше Димовски, кој на крајот на емисијата ја запраша дали се точни шпекулациите дека таа од обвинителството ќе оди во адвокати.

Во врска со тоа каде завршиле милион евра од торбата во случајот „Рекет“, Русковска го праша Димовски дали го интересира торбата или парите. Новинарот одговори „парите“, па обвинителката наброи дел од трошоците на Бојан Јовановски, најдени фискални сметки за потрошени 148.000 евра на шопингот во Италија со мајка му. Потоа, „еден џип, втор… трет џип на Бојан Јовановски, иако биле на лизинг земени, ама и тој треба да се плаќа“. 

– А слушнав и дека телевизијата е скапа работа и чини од 60.000 до 80.000 евра месечно, а особено, знаете кој калибар на новинари… кои сигурно не седеле во таа телевизија зошто многу го сакаат и почитуваат Бојан Јовановски – рече Русковска во емисијата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top