Сè уште не се знае дали албанските партии ќе успеат да најдат консензуален кандидат со СДСМ

Албанските политички партии и понатаму немаат конкретен одговор за повикот на премиерот Зоран Заев за заеднички консензуален кандидат..

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера изјави дека двете партии ќе се обидат да најдат начин за заеднички кандидат со СДСМ.

Другиот партнер во Владата, БЕСА на Африм Гаши одлука се очекува да се донесе во партиските органи.

Движење Беса, крило на Африм Гаши:

Ги разгледуваме сите можности за учество на претседателските избори и партиските органи ќе ја донесат најприфатливата одлука за нашите структури.“

Без децидна одлука се и албанските опозициски партии. Од Алијансата за Албанците велат дека ја чекаат одлуката на раководството.

Алијанса за Албанците:

Разгледувавме неколку опции. На следниот состанок на раководството сигурно ќе се дефинира ставот.“

Од БЕСА на Билаљ Касами истакнуваат дека не добиле конкретна покана од премиерот Заев. Ја чекаат одлуката на Алијансата за заеднички кандидат.

Движењето БЕСА, крило на Биљал Касами:

Не добивме покана од премиерот за ова прашање. Фокусирани сме на зајакнување на албанскиот глас до максимум и работиме во таа насока. Немаме разговори со Алијансата за Албанците. Од последната комуникација останува да одржат состанок со раководството и да нè информираат дали се подготвени за разговор.“

Од СДСМ и денеска немаа одговор за предвремените парламентарни избори, за кои ВМРО-ДПМНЕ инсистира. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, настојува граѓаните да излезат и на предвремени парламентарни избори за, како што вели, да се запре осиромашувањето на земјата и погрешните политики на власта предводена од СДСМ.

Откако претседателот на Собранието во петокот ги распиша претседателските избори, до 21 март партиите ќе треба да ги достават своите кандидати до ДИК. Првиот круг ќе се одржи на 21 април, додека евентуалниот втор – на 5 мај.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top