САД бараат да почне изработката на статутот на ЗСО во Косово

Американската Амбасада во Приштина ги повика Владата на Косово и претставниците на косовските Срби да започнат со подготовка на Нацрт-статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО)..

– Ги охрабруваме Владата и косовските Срби да го направат првиот чекор и да почнат да работат на статутот на Заедницата во согласност со Уставот на Косово, се наведува во писмениот одговор на Амбасадата до изданието „Лајми“.

Во одговорот Амбасадата оценува дека „добро воспоставената Заедница би им овозможила на општини со српско мнозинство да работата на прашања поврзани со здравството и образованието“.

Формирањерто на Заедницата на српски општини беше договорено во рамките на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Пришптина, што се води во Брисрл под покровителство на ЕУ, но засега не се преземени никави чекори за нејзино создавање.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top