САД го обвинија Иран за нападите со дронови во Саудиска Арабија

Нападите со десет беспилотни летала на две нафтени постројки кои се случија вчера, а за кои САД го обвинува Иран, оневозможија речиси половина од производствениот капацитет за нафта на Саудиска Арабија.

Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, ја преземаа одговорноста за нападите на двата капацитета во источна Саудиска Арабија поради кои се намали производството на нафта за 5,7 милиони барели на ден, што е половина од извозот на кралството и околу пет отсто од дневното производство на нафта во светот.

Според Помпео нема докази дека нападот доаѓа од Јемен. 

Тој на социјалната мрежа Твитер го обвини иранскиот претседател Хасан Рохани и министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф дека водат лажна дипломатска игра.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top