САД: Граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ и за Договорот со Грција

САД ги поздравуваат резултатите од референдумот во Македонија на 30-ти септември, на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти синоќа Стејт департментот..

„САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ, и ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет. Со оглед на тоа што македонскиот Парламент сега започнува со разгледување на уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиските политики и да ја искористат оваа историска можност да обезбедат посветла иднина за земјата како полноправен член на западните институции“, се наведува во соопштението од Стејт департментот, по одржувањето на референдумот во Македонија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top