САД и Русија не поддржуваат прекин на огнот во Либија

САД и Русија соопштија дека во моментот не можат да ја поддржат резолуцијата на Советот за безбедност на Обединети нации со која се апелира за прекин на огнот во Либија, тврдат неименувани дипломати..

Русија е против тоа што во британската нацрт-резолуција се обвинува генерал Калифа Хафтар за ескалација на насилството, поради напредувањето на неговата Либиска национална армија кон Триполи.

Од друга страна, САД не го образложија својот став за нацрт-резолуцијата, со која се бара од земјите кои имаат влијание врз завојуваните страни да обезбедат согласност за безусловен пристап на хуманитарната помош за Либија.

За усвојување на резолуцијата потребни се девет гласови и ниту една од петте постојани членки на СБ (САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина) не вложи вето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top