САД испраќаат дополнителни сили на Блискиот Исток

Пентагон објави нови снимки за зајакнување на обвинувањата дека Иран бил одговорен за нападите врз два такера за нафта во минатата недела во Ормускиот залив..

Повеќето од снимките биле направени од американски воен хеликоптер и на нив се прикажува како иранските сили отсрануваат неексплодирана мина од јапонскиот танкер.

Според Вашингтон, станува збор за отстранување на доказите од местото на настанот.

Во истовреме, Пентагон соопшти дека ќе испрати дополнителни илјада војници на Блискиот Исток поради најновиот инцидент со танкерите. 

Притоа се наведува дека трупите ќе имаат одбранбена цел.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top