САД испрати мртовечки ковчези на границата меѓу двете Кореи

САД испрати мртовечки ковчези на границата меѓу двете Кореи. Како што соопшти американската војска, 100 дрвени ковчези се испратени на границата, за да се преземат останките на американските војници, кои се водат како исчезнати од Корејската војна..

Портпаролот на американските сили во Кореја, Чад Керол изјави дека уште 158 метални сандаци за транспорт се испратени во база во близина на Сеул, а во нив останките на војниците ќе бидат однесени дома.

Северна Кореја се согласи да ги врати посмртните останки на Американците за време на самитот на лидерот Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп. Керол вчера ги отфрли наводите на јужнокорејската агенција Јонхап дека американски воени возила со повеќе од 200 сандаци планирале вчера да ја преминат границата и да влезат во Северна Кореја. Според него, плановите за репатријација „сè уште се прелиминарни“. Во периодот меѓу 1996 и 2005 година вратени се останките на 229 американски војници.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top