САД ја обвинија Русија дека игра деструктивна улога на Балканот

Американскиот помошник-државен секретар за Европа и Азија, Вес Мичел, ја обвини Русија за ширење дезинформации и поткопување на демократијата на Балканот..

Пред новинарите во Приштина, Мичел истакна дека Вашингтон гледа како Русија игра деструктивна улога на голем дел од Балканот преку ширење дезинформации и поткопување на демократските институции.

Американскиот дипломат истакна дека Белата куќа била јасна во разговорите со Русија дека тоа не е ниту во нивен, ниту во интерес на луѓето од регионот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top